Светскиот тениски рекет бр. 1, Италијанецот Јаник Синер стигна до второто четвртфинале на УС Опен во својата кариера.
Тој беше подобар од Американецот Томи Пол со 7:6 (3), 7:6 (5), 6:1, по два часа и 46 минути игра на стадионот „Артур Еш“. Синер мораше да одигра два тај-брејка во дуел со 14. тенисер на планетата, против кого сега има скор од 3-1 во победи.
Победата на овој дуел за Синер значи уште едно големо дерби. Тој сега го чека Данил Медведев во меч од четвртфиналето, кој е победник на УС Опен во 2021 година и некој против кого има негативна статистика (5-7).
Во четвртфиналето е и австралискиот тенисер Алекс де Минор кој го победи сонародникот Џордан Томпсон. Десеттиот играч на планетата до триумфот стигна по четири сета со резултат 6:0, 3:6, 6:3, 7:5 и сега го очекува дуелот со Џек Дрејпер, кој го декласираше Томаш Махач со 3-0 во сетови.