Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, конечно, најде клуб. Нигериецот се согласи да замине на позајмица во турски Галатасарај, а неговиот клуб се договори и со тимот од Истанбул.
Синоќа Осимен замина за Истанбул, а денеска ќе мора да ги помине лекарските прегледи пред да го потпише договорот. Како што е познато, фудбалерот долго време беше поврзуван со Челзи, а за него имаше сериозен интерес и од Ал Ахли.
Антонио Конте го доведе Ромелу Лукаку и со тоа Осимен остана надвор од тимот, па по секоја цена мораше да бара нов клуб.

