Ерик тен Хаг ќе добие шанса како менаџер на Манчестер Јунајтед барем до Божиќ, сигурен е поранешниот капитен на „црвените ѓаволи“ и аналитичар на „Скај Спортс“, Гери Невил. По двата порази во првите три меча, веќе почна да се зборува за заминување на Холанѓанецот.
„Секоја недела ќе биде тешка за Тен Хаг, а тензијата во клубот ќе расте“, изјави поранешниот англиски репрезентативец.
„Сепак, мислам дека тој ќе има мир и доверба од раководството до Божиќ. Не се сомневам во тоа. Не се сомневам во намерите на INEOS и главниот извршен директор Ден Ешворт. Вториот е многу мирен човек. Менаџментот нема да направи глупости. Во следните три или четири месеци ќе донесат одлука дали сакаат да го задржат на работното место или не. Можеби дури пет месеци. Но, она што не можат да си дозволат да се случи е да бидат на средината на табелата на Божиќ. Ќе добие неколку месеци, сигурен сум во тоа“, вели Невил.

