Напаѓачот на Валенсија, Рафа Мир е осомничен за сексуална злоупотреба, објавија во вторникот шпанските медиуми.
Од Кадена СЕР информираат дека фудбалерот позајмен во Валенсија од Севиља, бил приведен од шпанските власти во понеделникот вечерта.
Рафа Мир не се појавил на денешниот тренинг на Валенсија. 27-годишниот напаѓач е осомничен за сексуален напад на две жени во својот дом. Уште едно лице за кое се верува дека е вмешано во злосторството, исто така е приведено во полиција.
Наводните жртви го пријавиле делото и побарале лекарска помош. Рафа Мир наскоро треба да сведочи пред властите.

