Капитенот Вирџил ван Дијк ќе игра за репрезентацијата на Холандија најмалку до Светското првенство во 2026 година, изјави селекторот Роналд Куман на прес-конференција пред натпреварот од Лигата на нации против Босна и Херцеговина.
Холандија се пласираше во полуфиналето на Евро 2024, каде што беше елиминирана од Англија.
„Беше важно да го видам и да разговараме. Сакав да знам дали има намера да игра за националниот тим со полн интензитет во следните две години и тој позитивно одговори на моето прашање. Го сакам и во тимот. Ако некогаш имаш било какви сомнежи за Вирџил, тие сега треба да бидат во историјата“, рече Куман во изјава за „Скај Спортс“ и додаде:.
„Самиот Вирџил Ван Дајк рече дека не можел да го достигне најдоброто ниво на Европското првенство. Тој е наш капитен и мислам дека заврши одлична работа“ заврши Куман.

