Фудбалерот, Кевин де Бруин, кој има договор со Манчестер Сити до летото во 2025 година, ги негира гласините дека може да направи трансфер во Саудиска Арабија.
„Не сум контактирал со никого. Бев на одмор и кога се вратив започнав да тренирам. Тоа е тоа, нема што повеќе да се каже“ – изјави Де Бруин.
Претходно се појави информација дека екипата на Ал-Итихад е заинтересиран за белгискиот интернационалец.

