Најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек е елиминирана во четвртфиналето на УС Опен. Победничката од 2022 година беше поразена од Џесика Пегула со резултат 6:2, 6:4. Шестата тенисерка на планетата ја потврди одличната форма и ова е нејзина 14-та победа во последните 15 меча.
Таа одигра импресивно и на овој натпревар против Швјонтек, со што и го нанесе четвртиот пораз во 10. меѓусебен натпревар. Пегула шестпати стигнува до четвртфиналето на Грен слем турнир, но никогаш не успеа да стигне подалеку. За влез во финалето ќе се бори против Каролина Мухова од Чешка, која ја победи Беатриз Хадад Маја со 6:1, 6:4.