Светскиот тенисер број еден, Јаник Синер се пласираше во полуфиналето на УС Опен совладувајќи го Данил Медведев со 3-1 во сетови во четвртфиналето одиграно утринава.
Пред повеќе од 20.000 луѓе на стадионот „Артур Еш“, Синер победи со резултат 6:2, 1:6, 6:1, 6:4, по два часа и 41 минута игра. Италијанецот на тој начин намали на 6-7 во меѓусебните дуели со Русинот. Сезонава тој славеше во финалето на Австралија опен, полуфиналето во Мајами, додека Русинот беше подобар во четвртфиналето на Вимблдон.
Синер ќе се бори за првото финале на УС Опен во кариерата со Џек Дрејпер, кој беше подобар од Алекс де Минор.
Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Американците Тејлор Фриц и Френсис Тиафо. Двата меча се закажани за петок.