Српскиот интернационалец Немања Босанчиќ е нов фудбалер на ФК Вардар. 29-годишниот играч за врска, доаѓа во редовите на Вардар од литвански Паневезис.
Во досегашната кариера, Босанчиќ играше во повеќе првенства, но и во Македонија во екипата на Струга ТЛ.
За Струга Трим Љум одигран 48 натпревари, на кои има забележано 11 асистенции и има постигнато вкупно 10 гола.

