Заврши чекањето за Сан Марино! Тимот на Сан Марино успеља да победи со 1:0 над Лихтенштајн во натпревар од групата 1 во Лигата на нациите, за да ја забележи својата прва победа од 28 април 2004 година и 140 одиграни натпревари. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Нико Сенсоли во 53. минута.
Историја испиша најлошиот тим на ранг-листата на ФИФА (210-то место) кој конечно стави крај на најдолгата серија без победа во историјата на меѓународниот фудбал (140 натпревари кои датираат од април 2004 година).
Во изминативе 20 години Сан Марино забележа неколку тешки порази како 0:13 против Германија, но синоќа последниот тим на светската ранг-листа стигна до победа и три бода.

