Фудбалерот на Хрватска, Игор Матановиќ, кој дебитираше на вчерашниот меч кај Португалија во Лигата на Нации, вели дека резултатот не е реален на прикажаното. Неговата селекција имаше добар настап но, остана без бодови.
„Тешко е да се најдат зборови, имавме многу шанси за победа но, Португалија е квалитетна селекција“ – изјави Матановиќ.
„Кога бев мал сонував да играм за Хрватска, сега сонот е реалност. Мора да анализираме што не беше добро иако имаше и позитивни работи“ – вели Матановиќ.

