Новиот тренер на фудбалерите на Бенфика, Бруно Лаге, вели дека имал голема желба да се врати во португалскиот состав во кој работеше од 2018 до 2020 година.
„Тука сум како дома. Секогаш сакав да се вратам во екипата“ – изјави 48-годишниот Лаге кој работеше и во редовите на Вулверхемптон и на бразилскиот Ботафого.
Бенфика е моментално на седмото место во домашното првенство со две победи, реми и пораз.

