Англиските фудбалски состави Тотенхем, Њукасл и Астон Вила, се заинтересирани за турскиот интернационалец, Јусуф Јазичи, кој откако го одработи договорот со Лил, стана слободен играч на трансфер -пазарот.
27-годишниот фудбалер во претходната сезона одигра 42 меча со ефект од 12 гола и 4 асистенции.
Тој беше дел од селекцијата на Турција која стигна до четвртфиналето на последното европско првенство во Германија.

