Новиот тренер на фудбалерите на Вардар, Срѓан Захариевски, верува дека ќе ја прекине лошата серија и дека ќе го врати тимот на победничките патеки. Прв предизвик на клупата на „црвено-црните“ ќе му биде тимот на Гостивар и тоа веднаш по паузата за репрезентативните активности.
„Голема чест е да се биде дел од Вардар и воопшто се двоумев кога дојде поканата. Верувам дека амбициозниот проект ќе ги донесе посакуваните резултати откако клубот ќе се стабилизира на сите полиња. Ќе се обидеме да извлечеме максимум од сегашниот ростер и евентуално да обезбедиме нови имиња. Вардар е бренд и условите за работа се навистина фантастични, тоа мора да се искористи“ – вели Захариевски.
„Мислам дека првенството е максимално изедначено и наликува на претходното кога се, се решаваше во последното коло. Можеби отскокнуваат Шкендија и Струга кои имаат силни ростери и стабилност во сите сегменти. Нив ги гледам како главни фаворити за титулата“ – нагласи Захариевски во интервјуто за Спортско радио 90,3 ФМ.

