Македонскиот кик бокс натпреварувач Силвио Мировски се врати со освоен златен медал од Светското првенство во кик бокс за кадети и јуниори кое се одржа во Будимпешта, Унгарија. Мировски во финалето славеше против Иван Бородатји од Украина 2-1.
Ова беше голем успех за македонскиот кик бокс, а тоа беше повод да го поканиме во нашето студио.
„Ова беше она за што работевме во изминатите години, се подготвувавме за голем резултат и тој дојде токму на ова СП. Минатат година освоив сребрен медал на ЕП и тоа беше дополнителен мотив да работам уште повеќе и да дојдам до ова злато. Сега мојот пат во кик боксот го продолжувам во сениорска конкуренција и се подготвувам за учество на ЕП во ноември. Тоа ќе биде мое прво искуство меѓу сениорите, па се надевам дека ќе успеам да продолжам и во оваа конкуренција со добреи резултати“ рече Силвио Мировски во разговорот во програмата на Спортско радио 90,3 ФМ.
На СП во Будимпешта учествуваат 2256 спортисти од целиот свет, односно 68 држави.
Резултати на Силвио Мировски на Светско првенство за кадети и јуниори:
постари јуниори -71 кг
¼ финале: Силвио Мировски – Челик Мемет Тана (Турција) 3-0 ТКО Р3 ¼ финале
½ финале: Силвио Мировски – Атанас Димов (Бугарија) 3-0 TKO Р1
Финале:
Силвио Мировски – Иван Бородатји (Украина) 2-1