Италијанецот Масимилијано Алегри наскоро може да се врати на професијата и на чело на еден од неговите поранешни тимови Милан, пренесува „Тутоспорт“.
„Росонерите“ имаа многу лош почеток на сезоната и освоија само два бода по првите три кола, па притисокот врз тренерот Пауло Фонсека се зголемува. Милан донесе некои големи засилувања ова лето и имаат големи амбиции, а со оглед на тоа што Милан се сретна со Лацио, Парма и Торино, медиумите почнаа да вршат поголем притисок врз Фонсека.
Сепак, управата на „росонерите“ ја потврди довербата во тренерот, но доколку работите не се сменат, тогаш ќе размислуваат за замена, а најголем фаворит за позицијата е токму Масимилијано Алегри.
57-годишниот стручњак е слободен по заминувањето од Јувентус на крајот од минатата сезона, а во периодот од 2010 до 2014 година го водеше Милан и го освои Скудетото.