Македонската фудбалска репрезентација со само еден освоен бод се враќа од гостувањето кај Фарски Острови.
Во воведниот натпревар од четвртото издание во Лигата на Нации нашите репрезентативци одиграа само 1:1 против домашната селекција на Фарски Острови. Немаше константност во играта на Македонија, премногу освилации и грешки кои не дозволија да дојдеме до три бода од оваа средба.
Македонија лошо го почна натпреварот. Фарски Острови практично по првиот напад стигна до водство со сомнителен пенал. Иљазовски беше во дуел со Ватхамар, што судијата Лукјанчукас го окарактиризира како удар од белата точка, кој прецизно го изведе Давидсен за водство од 1:0. Македонскте репрезентативци играа со многу грешки во продолжението од првиот дел, а најдобрата шанса ја имаше Чурлинов во 19. минута кога изби сам пред голот, го мина и голманот и во завршницата неговиот удар беше изблокиран од Андриас Едмундсон.
На стартот на вториот дел , селекторот Милевски ги уфрли во игра Алиоски и Ќалими, на местото на Иљазовски и на Митровски, па смени и формација во 4-4-2.
Македонија тргна многу по офанзивно, а веднаш следуваше и израмнувањето. Во 47. минута Барди шутираше силно, изблокираната топка стигна до Алими, кој беше срушен од Ватхамар, по што судијата покажа на белата точка за нашата селекција. Барди во 49. минута шутираше прецизно во десниот агол, за израмнување.
До крајот на натпреварот и домашната селекција и нашата репрезентација имаа по некоја шанса за гол, но не успеааја да постигнат гол и натпреварот заврши со 1:1, а Македонија остана бес првите 3 бода од новата сезона на Лигата на нации.