Скандал го тресе таборот на Холандија во пресрет на натпреварот против Германија во Лигата на нации. Медиумите од Холандија објавија дека Вут Вегхорст и Јуријан Тимбер за малку ќе се степале на тимскиот тренинг по остриот старт на дефанзивецот во нозете на напаѓачот.
Тренерот Роналд Куман морал да се вмеша за да ги смири работите, но Вегхорст бил многу лут и си заминал од тренингот. Куман потврди дека напаѓачот не е повреден.

