Фудбалерот, Матијас Де Лихт, кој во текот на летово се пресели во Манчестер Јунајтед, вели дека го направил вистинскиот потег за успешно продолжување на кариерата. Централниот дефанзивец си замина од Баерн Минхен бидејќи не беше задоволен од минутажата.
„Среќен сум со мојата преселба во Манчестер Јунајтед. Англиската Премиер лига има повеќе гледачи од Бундес-лигата“ – вели 25-годишниот дефанзивец.
Холанѓанецот потпиша договор со „црвените ѓаволи“ до летото во 2029 година.

