Селекторот на нашите најдoбри фудбалери Благоја Милевски, денеска имаше средба со новинарите пред утрешниот меч со Ерменија во 2 коло во Лигата на Нации. Дуелот доаѓа по ремито кај аутсајдерот, Фарски Острови.
„Ментално ништо не е променето, познавајќи ги моите фудбалери тие се подготвени за секој нов предизвик. Реков дека по Фарски нема разочарување, но без потценување на Летонија и Фарски Острови, директните дуели со Ерменија ќе го одлучат победникот во групата. Сите мисли се на тоа што нè очекува утре и Ерменија како противник“ – вели Милевски.
„Фудбалерите што се на овој собир се најдобрите во моментот. Ако барам натпреварувачка форма, треба да останеме без 70% од лидерите на тимот. Околу тоа кој ќе настапува, тоа е лично моја одлука. Кој и да дојде го дава својот максимум. Го познавам индивидуалниот квалитет на играчите а според тоа се ориентирам при повиците“ –рече Милевски.

