Тренерот на фудбалерите на Милан, Паоло Фонсека, веројатно на претстојниот прволигашки меч со Венеција, ќе ги искористи во средината на теренот – Павловиќ, Лофтус-Чик и Томори , велат последните анализи.
Вреди да се напомене дека Томори и Лофтус-Чик се единствените кои ги одиграа сите 270 минути на досегашните три средби во Серија „А“.
Според наведеното, во нападот веројатно ќе дејствува Абрахам поддржан од Мората под услов, Шпанецот да ја санира повредата. Секако тука е и Рафаел Леао, кој на мечот со Лацио влезе од клупата за резерви.

