Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа е поразена во првото коло на ВТА 125 Челинџер турнирот во Љубљана. Таа во првото коло за противник ја имаше осмата носителка Полина Кудерметова од Русија.
21-годишната руска тенисерка Кудерметова, која се наоѓа на 164-то место на ВТА листата го доби мечот со 2:0 во сетови (6:1, 6:2) за само еден час игра.
Лина Ѓорческа ќе продолжи со настапите на турнирот бидејќи ќе игра во конкуренција на двојки заедно со Џил Тајхман од Швајцарија. Тие во првото коло ќе играат против третите носителки сестрите Надја и Марина Колб од Украина.
Следната недела македонската тенисерка треба да настапи на турнир во Пазарџик, Бугарија.