Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Македонија до важна победа против Ерменија во Скопје
    Фудбал

    Македонија до важна победа против Ерменија во Скопје

    risteBy riste10/09/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фудбалската репрезентација на Македонија успеа д аслави на домашен терен против селекцијата на Ерменија со 2:0 во второто коло од Лигата на нациите, резултат со кој се искачи на првото место на табелата во новото издание на натпреварувањето на УЕФА. По разочарувачките 1:1 во Торшавн со Фарски Острови, нашите фудбалери дојдоа до победа која е доста важна.

    Дополнително, се добива на тежина затоа што таа е извојувана со играч помалку цело второ полувреме. Милевски го започна мечот со неколку промени, но проблем на стартот на мечот беше повредата на Чурлинов. Во првото полувреме имавме неколку шанси преку Елмас и Давид Бабунски, но без реализација.

    Во последните секунди од полувремето Македонија остана со десетмина на теренот, откако поради приговор беше исклучен Ѓоко Зајков. Стоперот имаше жолт картон и протестираше на одлука за еден старт на Ќамили, па судијата Осмерс му го покажа патот кон соблекувалната.

    Во второто полувреме Македонија играше со играч помалку, евиднетно беше дека нема да биде лесно. Првата сериозна шанса ја имавме во 62. минута кога Елмас влезе во казнениот простор, па го проигра Миовски, а тој испрати доба удар, но беше изблокиран и топката заврши во корнер.

    Милевски во игра ги внесе Костадинов и Атанасов, тие донесоа свежина во средниот ред. И од првиот прекин, во 70. минута, дојдовме до погодок. Енис Барди изведе слободен удар од дваесет и пет метри и погоди во мрежата на Ерменија за 1:0, а само девет минути подоцна, Бојан Миовски стави печат на победата откако ги надмудри дефанзивците на Ерменија и го зголеми водството на Македонија  на 2:0.

    Македонија дуелите во Лигата на нациите ќе ги продолжи во октомври со две гостувања. На 10 октомври, нашиот национален тим гостува кај Летонија, па три дена подоцна следи гостински натпревар и кај Ерменија.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.