Клубовите од англиската Премиер лига оваа зима ќе се борат за потписот на дефанзивецот на Баер Леверкузен и германскиот репрезентативен Џонатан Тах. Според весникот Билд, интерес за фудбалерот покажуваат Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Челзи и Тотенхем.
Џонатан Тах се пресели од Хамбург во Баер Леверкузен во летото 2015 година. Оваа сезона фудбалерот одигра четири натпревари за германскиот клуб, а се уште има актуелен договор којз авршува на крајот на сезоната. По 1 јануари фудбалерот ќе може да отпочне преговори и за слободен трансфер во некој од заинтересираните тимови следното лето.

