Поранешниот селектор на фудбалерите на Англија, Герет Саутгејт, изјави, дека допрва ќе реши дали ќе се врати во фудбалот или ќе влезе во сосема други води.
„Можам да направам нешто во фудбалот но, можам да се вработам и надвор од него. Засега ќе одвојам малку време да се одморам“ – изјави поранешниот селектор на „Гордиот Албион“.
Во меѓувреме се појавија шпекулации дека Саутгејт има реални шанси да го наследи Ерик Тен Хаг доколку луѓето од Манчестер Јунајтед се определат да му врачат отказ на Холанѓанецот.

