Ракометарите на Еурофарм Пелистер со минимален пораз ја започнаа новата сезона во групата „А“ во Лигата на шампионите. Тие денеска загубија на теренот на ПСЖ со 31:29 откако одиграа сосема различни полувремиња.
Французите беа подобар противник во првите 30 минути кога направија предност од 18:13 и некаде до средината на вториот дел кога имаа плус седум. Тогаш битолчани заиграа многу поангажирано и полека ја топeа предноста на домаќините но, немаа сила да направат сензација.
Во домашниот тим Полјакот, Шипжак, беше незапирлив со 11 голови додека во македонскиот состав се издвоија Кузмановски со 8 и Цехте и Пешевски со 6 погодоци. Во второто коло на 18 септември, Еурофарм Пелистер ќе му биде домаќин на германскиот тим Фуксе Берлин