Фудбалерот Родриго Бентанкур се соочува со обвинение откако во јуни, на социјалните мрежи кружеше видео во кое е уругвајскиот играч од средниот ред на Тотенхем одговори на прашање на ТВ водителот кој побара дрес од неговиот соиграч, Сон.
„Сон ? Може да биде тоа дрес и на братучедот на Сон. Сите изгледаат исто“, одговори Родриго Бентанкур.
Бентанкур потоа му се извини на Сон на социјалните мрежи.
Играчот од средниот ред на Тотенхем е обвинет од Фудбалската асоцијација за „непримерно однесување“ и употреба на „етнички или расно навредлив или погрден јазик“. Исто така објавено е дека Бентанкур има рок до 19 септември да одговори на обвиненијата.

