Ѕвездата на Барселона Ламин Јамал нема намера да го напушти клубот. Младиот фудбалер рече дека сака да стане легенда на Каталонците.
„Не сакам да платат 120 милиони за мене, бидејќи тоа би значело заминување од Барселона. Се надевам дека ова никогаш нема да се случи. Сонувам да станам легенда на Барселона“, изјави Јамал.
Офанзивниот фудбалер ги прокоментира и споредбите со Лионел Меси.
„Ми се допаѓа што ме споредуваат со најдобриот фудбалер во историјата, но јас сакам да бидам свој. Да се достигне нивото на Меси е невозможно“ рече Јамал.

