Премиер-лигата в понеделник ќе го започне процесот против Манчестер Сити за наводни 115 прекршувања на правилата на ФА.
Целата постапка ќе трае околу три месеци а доколку се докаже прекршување на финансиските правила, Сити би можел дури да биде исфрлен од елитните редови на англискиот фудбал.
Потенцијалните прекршувања вклучуваат недавање точни финансиски информации во текот на девет сезони. Клубот е обвинет и дека не соработувал во истрагата.

