Првиот човек на фудбалскиот состав, Наполи, Аурелио де Лаурентис, вели дека е горд што никогаш немал финансиски проблеми.
„Мислам дека парите сами по себе не се „спас“ особено за фудбалските клубови. Горд сум што никогаш не сум имал ниту едно евро долг“- потенцираше газдата на италијанскиот состав.
„Со клубот сакаме да доживееме ренесанса. Ние ќе изградиме нов спортски центар . За четири години ќе славиме 100-годишнина“ – нагласи претседателот на Наполи.