Напаѓачот на Барселона, Ансу Фати е подготвен да се врати во игра по едногодишно отсуство од терените, пишуваат во Шпанија.
„Каталонскиот“ фудбалер се повреди во август минатата година и оттогаш нема настап на официјален натпревар. Сепак, тоа може да се промени викендот кога Барселона ќе се соочи со Џирона.
За време на летниот преоден рок Фати се наоѓаше пред трансфер во друг клуб, но новиот тренер на тимот Ханзи Флик лично инсистираше тој да остане. Се чини дека младиот играч на Барса е дел од плановите на Флик и ќе игра важна улога во тимот на Барса по кошмарот што го доживеа во последната една година.
Ансу Фати последен пат играше на официјален натпревар за Барселона пред 385 дена.