Спортскиот директор на фудбалскиот состав Барселона, Деко, вели дека напаѓачот, Роберт Левандовски, максимално ги исполнува очекувањата на раководството.
„Среќен сум што го имаме Левандовски. Тој е еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот и еден од тие што играле за Барса“ – вели Деко.
„Левандовски постигнува голови, среќен е во тимот и среќен во Барселона“, изјави директорот на каталонскиот клуб за медиумите во Шпанија.

