Фудбалерот на Реал Мадрид, Давид Алаба, кој имаше две операции на коленото и не игра од изминатиот декември, тешко ја надминува повредата, наведува весникот – „Марка“. .
Закрепнувањето на репрезентативецот на Австрија е многу побавно и потешко од вообичаено. Во просек, фудбалерите започнуваат да вежбаат околу 100-120 дена по повредата a понекогаш 90-eт но, во случајот на Алаба тоа се случи по 255 дена.
Се очекува играчот да се врати во ноември иако тренерот, Анчелоти, најави дека нема да го форсира.

