Фудбалерите на Милан доцна синоќа се израдуваа на првата сезонска победа во Серија „А“. Тие по две ремија и еден пораз, успеаја на домашен терен да ја совладаат убедливо Монца со 4:0.
Нивниот тренер, Паоло Фонсека, кој се соочи со првите критики за слабата форма на тимот, вели дека трите бода ќе донесат нова енергија.
„Нашата сезона започна пред четири кола, изгубивме бодови и мораме да ги вратиме. Значајно беше да победиме и на таков начин. Тоа им дава доверба на играчите“ – изјави Фонсека за италијанските медиуми.

