Францускиот играч за врска, Адриен Рабио се сели во Олимпик од Марсеј.
Според она што го потврди францускиот тим, екс играчот на Пари Сен Жермен и Јувентус во следните две сезони ќе биде дел од Олимпик.
Рабио (29) денеска ќе пристигне во Марсеј за да ги мине лекарските прегледи. Тој веќе два месеци е слободен играч по заминувањето од Јувентус.
Фудбалерот одбил неколку понуди од европски клубови, и реши да премине во Олимпик.

