Во тек се подготовките за првиот ден посветен на италијанскиот спорт кој ќе се одржи на 29 септември со почеток во 11 часот на стадионот на АРМ, каде љубителите на италијанското калчо ќе имаат можност да се запознаат со навивачите од фан клубовите на најпознатите клубови од популарната Серие А, како Јувентус, Милан, Интер, Рома, Лацио и Наполи.
Ќе бидат изложени дресови, шалови, знамиња и други обележја од овие шест тима. Ќе следат бројни изненадувања за сите љубители на италијанскиот фудбал! Следете не’!
Настанот е организиран од Италијанската амбасада во Скопје