Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги повика фудбалските власти да размислат за намалување на бројот на натпревари по сезона поради зголемениот број на повреди на играчите.
„Распоредот е претесен. Имаме нов формат на Лигата на шампионите и никој не знае како ќе биде сè. Но, она што е очигледно е дека имаме уште два натпревари. Ако раководните тела не почнат да размислуваат за играчите кои се повредени затоа што играат премногу, ќе имаме големи проблеми. Ги замолувам да престанат и да размислуваат за зголемување на бројот на натпревари за да го направат натпреварувањето поатрактивно“, изјави Анчелоти на прес-конференцијата во пресрет на натпреварот со Штутгарт од Лигата на шампионите.

