Лигата на фудбалските шампиони денеска стартува со нов формат и со зголемен број на учесници. 36 екипи ќе бидат сместени во една група и ќе одиграат по осум мечеви со различни противници. Четири на домашен и исто толку на гостински терен.
На крајот, првите осум ќе одат во осминафинале а тие од 9-то до 24-то место ќе играат бараж за другите осум позиции во второто елиминациско коло. Екипите од 25-то до 36 место ќе испаднат и ќе го завршат европското патување. Денеска од 18.45 часот ќе играат Јанг Бојс – Астон Вила и Јувентус-ПСВ Ајнтховен. Во 21.00 часот се закажни пресметките Милан -Ливерпул, Баерн Минхен-Динамо Загреб, Реал Мадрид- Штугарт и Спортинг-Лил.
Реал Мадрид кој има 15 трофеи ќе ја има улогата на бранител на тронот. На вечната листа зад него се Милан со 7 и екипите на Баерн Минхен и Ливерпул кои имаат по шест пехари во елитата на Европа.