Откако натпреварот меѓу Манчестер Сити и Интер заврши без победник 0:0 стана јасно дека избраниците на Пеп Гвардиола во рамките на Лигата на шампионите веќе 24 натпревари немаат пораз во регуларното време.
Како што пренесуваат специјализираните веб портали за статистика, Манчестер Сити е на еден натпревар до израмнување на рекордот на Манчестер Јунајтед од 25 последователни натпревари без пораз во Лигата на шампионите, поставен во 2007 и 2008 година.
Да напоменеме дека минатата сезона „граѓаните“ загубија во Лигата на шампионите од Реал Мадрид во четвртфиналето, но тоа беше пораз на пенали (1:1, 3:4 пенали).
Да потсетиме, последниот пораз во Лигата на шампионите во регуларното време им го нанесе тимот на Реал Мадрид во полуфиналниот натпревар од турнирот од сезоната 2022/2023. Средбата заврши со победа на Шпанците со резултат 3:1 (2:1 во регуларното време).