Менаџерот на Евертон, Шон Дајч, остана само со 12 фудбалери за саботниот натпревар со Лестер во рамките на новото коло во Премиер-лигата.
На долгата листа на отсутни фигурираат: Џерад Брантвејт, Нејтан Петерсон, Виталиј Миколенко, Доминик Калверт-Луин, Џек Харисон, Џејмс Гарнер, Шејмус Колман, Армандо Броха и Мајкл Кин се повредени и нема да настапат на претстојниот натпревар.
„ Тоа ретко се случува но, имаме премногу повредени и болни во моментов. Никогаш не ми се случило такво нешто“ – изјави тренерот на Евертон.