Златан Ибрахимовиќ кој има раководна улога во редовите на италијанскиот фудбалски состав Милан, вели дека и со 42 години, може да биде активен на теренот и да постигнува голови.
Швеѓанецот пред една година реши да се повлече од активно играње фудбал и да се насочи кон сосема нова улога.
„Можам да излезам на теренот во последните 20 минути. Знам дека во тој период би постигнал меѓу 15 и 20 првенствени голови“ – вели Ибра.