Фудбалерите на Арсенал вчера одиграа без голови на теренот на Аталанта во стартното коло во Лигата на шампионите. Нивниот тренер, Микел Артета, посебно го пофали голманот, Давид Раја, кој одбрани пенал на стартот на вториот дел.
„Очекувано тежок натпревар. Бевме навистина доминантни но, создадовме само една или две шанси“ – изјави Артета.
„Не успеавме да создадеме добар ритам или динамика. Тие немаа ништо освен пеналот но, Раја беше неверојатен денеска“ – изјави тренерот на „топчиите“.