Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти проговори за проблемот со преоптоварениот календар на фудбалерите.
„Вреди да се размислува за фудбалот бидејќи треба да се играат помалку натпревари за да се избегнат многу повреди. Ако на играчите да одиграат помалку натпревари треба да им се намалат платите, тогаш нема да бидат против намалувањето. Поплаките од тренерите и играчите нема да го променат распоредот за оваа сезона. Мора да го анализираме ова. Фудбалерите размислуваат за промени во иднина“, изјави Анчелоти за „ЕСПН“.
Претходно, играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Родри призна дека играчите би можеле да штрајкуваат поради преоптоварениот распоред.