Фудбалерот на Челзи, Михаил Мудрик може да го напушти англискиот тим оваа зима. Украинскиот интернационалец сака да го напушти таборот на „сините“ и има намера да се пресели во тим каде што ќе добие редовна минутажа.
Од почетокот на тековната сезона 2024/2025, Мудрик одигра само два натпревари за лондончани, иако поминаа четири кола од Премиер лигата, во кои Челзи забележа 2 победи, 1 реми и 1 пораз.
Мудрик се пресели во Челзи од Шахтјор Доњецк во јануари 2023 година за 70 милиони евра со договор до 2031 година.

