Дуелот меѓу Тиквеш и Вардар од 6 коло во ПМФЛ не го дочека крајот, откако во последните секунди од судиското продолжение, Тиквеш постигна гол кој судиите го поништија поради офсајд, па навивачите на домашната екипа со тврд предмет го погодија еден од помошните судии. Главниот судија Ставрев го прекина мечот при водство на Вардар од 0:1.
Во останатите денешни дуели, важна победа за Шкупи на дербито со Струга на гостински терен од 3:0, а и Гостивар го победи Силекс на гости со 2:1. Пелистер дојде до трите бода на гостувањето кај Беса (3:2), додека Работнички и Брера одиграа 1:1.
Најубедливата победа ја остварија фудбалерите на Шкендија, кои со 5:1 беа подобри од Воска Спорт.

