Пеналот за Реал Мадрид на мечот со Еспањол наиде на различни комантари на социјалните мрежи.
Моментот кога Ендрик беше влечен од противничкиот играч, Карлос Ромеро, на крајот го натера главниот судија, Мануел Монтеро, да покаже на белата точка иако се чини дека домашниот напаѓач беше соборен надвор од шеснаесетникот.
Со одлуката на главниот судија се согласи и неговиот колега од ВАР-собата, Де Бургос Бонгочеа. Објаснувањето на целата ситуација вели дека прекршок се суди на последната точка на која завршува а не таму каде што започнува.

