Медиумите во Шпанија повикувајќи се на извори од Барселона, наведуваат дека Каталонците размислуваат за наследник на напаѓачот, Роберт Левановски.
Ветеранот од Полска кој има 36 години, има актуелен договор до летото во 2026 година. Според наведено, Барса сака да го купи фудбалерот на Спортинг, Виктор Ѓокерес. Шведскиот напаѓач одлично ја започна сезоната во Португалија постигнувајќи девет голови на седум натпревари.
Како можен кандидат да се пресели на стадионот – „Камп Ноу“, се гледа и голгетерот на Лајпциг, Бенјамин Шешко, кој има релативно мала откупна клаузула.

