Познатиот новинар, Пирс Морган, процени дека на мечот меѓу Манчестер Сити и Арсенал одигран на „Етихад“ кој заврши 2:2, имало пристрасно судење од страна на Мајкл Оливер.
Арсенал, кој водеше со 2:1, остана со десет играч по црвениот картон на Леандро Тросард а тоа маскимално го искористија „граѓаните“ кои длабоко во судиското надополнување изедначија со голот на Џон Стонс.
-Арсенал извојува морална победа. Одлична партија против Сити со 12 играчи од кои најдобар беше Мајкл Оливер.Не можевте да не победите, дури и кога игравме со десет играчи цело второ полувреме“, напиша ТВ водителот кој е навивач на Арсенал.

