Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Тиаго Мота, се осврна на нерешениот меч со Наполи во рамките на Серија „А“. Дербито во Торино заврши без голови а домашниот сртратег вели дека не очекувал таква агресивна игра на противникот.
„Тие обично не се толку храбри колку што беа со нас. Моравме да играме на нашата половина и тоа ни беше голем проблем“ – вели Мота.
„Мислам дека игравме подобро против Наполи отколку против Рома. Тешко е да се победи кога не се постигнуваат голови“ – потенцираше тренерот на „старата дама“.

