Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Ѓоревски: Имаме квалитет да атакуваме на четири пехари
    Домашен микс

    Ѓоревски: Имаме квалитет да атакуваме на четири пехари

    dinoBy dino24/09/2024No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Извршниот директор на кошаркарскиот состав МЗТ Скопје, Филип Ѓоревски, в пресрет на првиот сезонски меч во АБА 2 лигата со екипата на Теодо Тиват (18.00),  беше гостин на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ.

    „Во текот на летото се обидовме да ја исполниме желбата на стручниот штаб и затоа обезбедивме подолг ростер. Вративме наши поранешни кошаркари и ангажиравме квалитетни странски имиња. Верувам дека со победа против Теодо ќе ја отвориме сезоната, затоа апелирам до сите љубители на кошарката да дојдат денеска во салата и да им дадат поддршка на момците“ – вели Ѓоревски.

    „Не криеме дека имаме големи амбици. Ќе атакуваме на сите домашните трофеи започнувајќи од Супер купот кој не чека против Пелистер. Верувам дека ќе успееме преку АБА 2 да се вратиме во елитната конкуренција во Јадранската лига. Во домашни рамки, очекувам крајно интересно првенството иако реално гледано, МЗТ Скопје и Пелистер, отскокнуваат со квалитетот. Ме радува што другите екипи прават проекти што треба да ја вратат кошарката во повеќето наши градови. Верувам дека сите заедно треба да работиме за афирмација и на младите кошаркари“ – потенцираше меѓу другото Ѓоревски во интервјуто за Спортско радио 90,3 ФМ.

    Комплетното интервју може да го проследите на следниот ЛИНК

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.